Во Висконсин половично гласање на изборите за номинација на демократски претседаталски кандидат

Од:

Во американската сојузна држава Висконсин  се гласа на прелиминарните избори за демократски претседателски кандидат, но не се знае дали изборите ќе бидат успешни, откако судот одлучи дека гувернерот на државата нема надлежност да ги одложи изборите.

Прашањето беше дали да се оддржат изборите во време на епидемија на коронавирусот.

Гувернерот на државата Тони Еверс издаде наредба за одложување на гласањето.

Сепак, Врховниот суд на државата одлучи дека Еверс нема доволно овластувања за да ги одложи изборите самостојно.

Четворицата конзервативни судии гласаа за поддршка на пресудата, додека двајцата либерални судии гласаа против.

Гласачите сега се соочуваат со избор дали да гласаат на изборите или да ги следат советите на здравствените власти за социјално дистанцирање.

Илјадници членови на избирачките места соопштија дека нема да работат, што доведе до затворање на стотици гласачки места во државата, јави Гласот на Америка.

Градот Милвоки, најголемиот град во Висконсин, соопшти дека ќе бидат отворени само пет избирачки места наместо предвидените 180.

Во тие места испратени се војници од Националната гарда за да помогнат во регулирање на гласањето согласно правилата за социјална дистанца.

Во Висконсин потврдени се повеќе од 2.200 случаи на инфицирани со коронавирус, а регистрирани се 73 смртни случаи.

Повеќе од десеттина американски држави ги одложија изборите за април и мај, за избор на претседателски демократски кандидат со надеж дека дотогаш, последиците од вирусот ќе се намалат доволно за да се овозможи гласачите да излезат на гласачките места и да гласаат без да го загрозуваат нивното здравје.

Битката се води меѓу поранешниот потпретседател Џо Бајден и сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс.

Бајден неодамна укажа на можноста да се одложи и Националниот конгрес на Демократската партија во јули, настан на кој официјално се номинира претседателскиот кандидат од партијата.

Би можело да ве интересира

Во штабот на Трамп сметаат дека излезноста ќе одлучува за исходот од изборите

Американските разузнавачки агенции работат на сузбивање на руското и иранското мешање во изборите

Рафенспергер: „Неверојатните“ закани, кои накратко го попречија гласањето на две избирачки места, потекнуваат од Русија.

Трамп: Ако изборите бидат фер, подготвен сум да кажам дека сум поразен

Горан Наумовски

Трамп нема предвреме да прогласи победа

Трамп: Слушам добри вести