Во Виена уапсени се девојки осомничени за подметнување 18 пожари „поради досада“

Од:

Виенската полиција откри серија пожари кои предизвикаа страв кај локалните жители во неколку градски општини, а зад палежите стојат три девојки, кои доброволно се предадоа и ги признаа делата, наведувајќи дека подметнале 18 пожари „од досада“.

Трите девојки се осомничени за подметнување пожари во виенските општини, објавува австрискиот портал Кронен Цајтунг.

Две од нив беа уапсени во Херналс, додека третата доброволно се јави во полиција. Сите три се изјаснија за виновни во истрагите, а полицијата наведува дека мотивот за подметнување 18 пожари била „досадата“.

– Форензичката работа разјасни 18 случаи на подметнување пожар со штета изразена во шестцифрена сума, изјави портпаролката на полицијата Јулија Шик.

Девојките се приведени додека истрагата продолжува, а според полицијата, тие најчесто предизвикале помали пожари.

Би можело да ве интересира

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Виена во шок по смртта на четворица работници на градилиште

Драма во Виена: Луѓе закопани под урнатините по несреќа на градилиште

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче