Во Виена средба на министрите за надворешни работи за ситуацијата во Либија

Од:

Министрите за надворешни работи од Европа, од САД и од соседните држави на Либија денеска во Виена ќе ја разгледуваат стратегијата за надминување на хаосот во земјата настанат од политичките поделби и џихадистичката закана.

Над 20 делегации учествуваат на средбата, чиј поретседавачи се шефот на италијанската дипломатија Паоло Џентилони и американскиот државен секретар Џон Кери.

– Премногу е рано да се каже дали преговорите ќе доведат до напредок за постигнување на мир во Либија, посочи германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмајер пред почетокот на средбата на која учествуваат претставници на меѓународно признаената либиска Влада.

Тој додаде дека денеска ќе зборува како да се поддржи новата влада во Триполи и како да се надмине внатрешниот конфликт и поделбата на земјата.

Кери по средбата со шефот на јорданската дипломатија Насер Џуде изјави дека „има многу работа“. 

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен