По десетдневна пауза за дополнителни консултации денеска во Виена продолжија индиректните разговори меѓу Иран и САД за спасување на иранскиот нуклеарен договор од 2015 година. Но, претставниците на двете страни не откриваат многу детали за тоа како напредуваат разговорите за решавање на различни спорни прашања.
Претставниците соопштија дека во разговорите е постигнат ограничен напредок од нивното обновување во ноември, по петмесечната пауза предизвикана од изборот на новиот конзервативен ирански претседател Ебрахим Раиси.
Преговорите беа забрзани минатиот месец, но голем број важни прашања остануваат нерешени.
Западот предупредува дека останува уште малку време пред договорот да стане бесмислен, бидејќи Иран брзо напредува во развојот на својата нуклеарна програма.
Координаторот за преговори Енрике Мора немаше коментар по пристигнувањето на преговорите.
„По кратката пауза, обновена е осмата рунда од преговорите во Виена“, објави иранската мисија во ОН во Виена на Твитер.
Извор: МИА