Ревизијата на контролата на тутунот нарачана од британските власти денеска препорача старосната граница за купување тутун во Англија секоја година да се зголемува за по една година за на крајот веќе никој да не може да купува такви производи.
Ревизијата, нарачана од министерот за здравство Саџид Џавид во февруари, препорачува 15 интервенции за да и помогне на владата да ја исполни својата цел за „забрането пушење“ до 2030 година.
Една од неговите централни препораки е „секоја година да се зголемува старосната граница за продажба по една година, од 18 години па нагоре, се додека на крајот никој не ќе може да купи тутунски производ во оваа земја“.
Извор: МИА