Во Велика Британија регистрирана највисока температура во историјата

Од:

Во Чарлсвуд, Велика Британија, денеска е регистрирана досега највисоката температура од 39,1 Целзиусови степени и се очекува дополнително да се зголеми, соопшти локалната метеоролошка служба.

Највисоката температура претходно забележана во Британија беше 38,7 степени Целзиусови, рекорд поставен во 2019 година.

Највисоката температура некогаш забележана доаѓа во време кога земјата е зафатена од горештини што минатата недела ја зафатија и континентална Европа.

Огромен дел од Англија, од Лондон на југ до Манчестер и Лидс на север, е под првото предупредување за „екстремна“ топлина во земјата, што значи дека дури и здравите луѓе се во опасност од смрт.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година