Во Велика Британија е прогласен првиот црвен метео аларм поради екстремните горештини

Од:

Во Велика Британија за првпат е прогласен црвен метео аларм поради екстремни горештини, јави Би-би-си.

Тоа значи дека постои опасност по здравјето на луѓето и оти секојдневните рутини ќе бидат променети.

Даунинг стрит соопшти дека метео алармот го третира како итен случај.

Се предвидува дека температурата на воздухот на почетокот на следната недела во Шкотска и Северна Ирска ќе биде околу 30 степени, додека во некои делови од Англија и Велс ќе достигне близу 40 степени.

Предупредувањето на британската метеоролошка служба за следниот понеделник и вторник ги опфаќа и градовите Лондон, Манчестер и Јорк.

Британските национални здравствени власти објавија највисок степен на тревога за институциите за здравствена заштита поради жештините.

Тие предупредуваат дека се можни здравствени проблеми и смртни случаи и кај „јаки и здрави“ личности.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година