Унгарски новинари и аналитичари критикуваа нов предлог на Владата да се одданочуваат приходите од реклами во медиумите. Според нив тоа ќе значи и закана за слободното новинарство.
Нацрт-законот претставен од пратеник на владејачката Фидес предвидува годишните рекламни приходи на медиумските компании да се одданочуваат според висината – највисокиот дел од даночната скала ќе биде 40 отсто за приходи над 20 милијарди форинти (89 милиони долари).
Според уредникот на весникот Молдар немзет, предлогот е обид на владата да ја „задуши слободата на медиумите“ ослабувајќи ги финансиски.
Аналитичарот Агнеш Урбан нагласува дека новиот данок ќе го засили влијанието на Владата врз локалниот телевизиски пазар во државата, додека најголемиот електронски медиум во државата RTL-Hungary соопшти дека заради данокот ќе бидат приморани да отпуштаат вработени.