Во Украинa рации во барови, на мета мажи кои не се одѕвале на воената регрутација

Од:

Украинската воена полиција спроведе рации низ Киев проверувајќи ги документите за воена регистрација, а мажи кои не се пријавиле на воена служба биле приведени, објавија денеска локалните украински медиуми.

Според медиумите, официјални лица се појавиле во Киевската палата на спортот по концертот на украинската рок група Океан Елзи.

Рации беа извршени и во трговски центри, ресторани и барови. Ваквите акции не се вообичаени во главниот град и ја покажуваат големата потреба на Украина од нови војници, пишува АП.

Сите украински мажи на возраст меѓу 25 и 60 години можат да бидат регрутирани, а мажите на возраст меѓу 18 и 60 години не смеат да ја напуштат земјата.

Локалните извештаи сведочат дека рации биле извршени и во клубови и ресторани во други украински градови, вклучувајќи ги Харков и Днипро.

Украина ја интензивираше својата мобилизација оваа година. Нов закон стапи на сила оваа пролет со кој се бара од оние кои ги исполнуваат условите за воена служба да ги внесат своите информации во онлајн систем или ќе се соочат со парични казни.

Би можело да ве интересира

Полска уапси руски пропагандист, па и го предаде на Украина, тој е обвинет за велепредавство

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Шмихал: Украина очекува отворање на преговарачки кластери во наредните месеци

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности