Претставници на Јапонија и на Европската унија на денешната средба во Токио преговараат за стратешко партнерство и за склучување на договор за слободна трговија. Тоа е 23. Самит Јапонија – ЕУ.
Европската делегација ја сочинуваат претседателот на Европскиот совет Доналд Туск и претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер, како и еврокомесарката за трговија Сесилија Малстром и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини. Јапонија е претставена од Шинѕо Абе.
Двете страни истакнаа дека сакаат да се забрза темпото на преговори за договорот за слободна трговија. Првиот круг преговори беше во 2013 година.
Токио најмногу е заинтересиран за укинување на високите царини за јапонските автомобили (10 проценти) и за електронските прооизводи (14 производи). За договорот за слободна трговија е заинтересиран и Брисел бидејќи претпоставуваат дека со договорот извозот на европски артикли за Јапонија ќе се зголеми за околу 30 проценти.