Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) и Иран денеска во Техеран почнаа преговори за иранската нуклеарна програма.
Се очекува делегацијата на МААЕ, предводена од главниот инспектор Херман Накертс да побара пристап до документите, вработените во нуклеарните посторјки и посебно до воена ваза Парчин, каде се вршат нуклеарни експерименти.
Портпаролот на иранското МНР Рамин Мехманпараст вчера изјави дека на разговори со инспекторите на МААЕ можно е да се постигне договор за посета на Парчин.
МИА