Во судирите во Јемен убиени 35 и повредени 40 лица

Од:

Во судирите меѓу шиитските бунтовници и исламистичките припадници на племињата наклонети кон јеменските власти денеска  погинаа најмалку 35 лица, додека 40 се повредени, соопшти јеменската полиција.

Во соопштението се наведува дека во судирите во градот Амран и околината погинале 15 војници и 20 бунтовници, како и дека борбите и натаму траат, пренесуваат американските медиуми.

Јеменски официјални претставници наведуваат дека армиските единици се борат заедно со припадниците на племињата кои и припаѓаат на Исламистичката партија Ислах, како и дека воените авиони ги гаѓаат позициите на бунтовниците, кои синоќа се обиделе да извршат напад врз една зграда на локалната управа во Амран.

Би можело да ве интересира

Ал Хути: Хутите во Јемен ќе преземат воена акција доколку САД и Израел ја нападнат Газа

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен