Петнаесет војници загинаа, а 40 се повредени утрово во судар на воен автобус и камион на автопатот покрај египетскиот Медитерански брег, соопшти претставник на безбедносните сили.
Инцидентот се случил во близина на делтата на Нил, а причините за несреќата се уште не се познати.
Според извештајот на Светската здравствена организација од 2012 година, во сообраќајни несреќи во Египет, кој има околу 90 милиони жители, секоја година животот го губат околу 12 илјади лица.