Во Стокхолм денеска ќе бидат врачени Нобеловите награди за достигнувања во науката, литературата и економијата, пренесува БТА.
Наградите, почесните дипломи и златни медали секоја година ги доделува кралот на Шведска Карл Шеснаесети Густав во гредската концертна сала.
Нобеловата награда за физиологија или медицина ја освои Јапонецот Јошинори Осуми за откривање на механизмите на автофагија – процес за разградување и рециклирање на клеточните компоненти.
Нобеловата награда за физика ја освоија британците кои живеат и работат во САД Дејвид Ј. Таулес, Данкан М. Холдејн и Мајкл Костерлиц за теоретски откритија на тополошки фазни транзиции и тополошки фази на материјата.
Французинот Жан-Пјер Соваж, Шкотланѓанецот Фрејзер Стодарт и Холанѓанецот Бернар Феринха ја освоија Нобеловата награда за хемија за развој и синтеза на молекуларни машини.
Родениот во Британија Оливер Харт и Финецот Бенгт Холмстром кои работат во САД, ја добија Нобеловата награда за економија за придонесот кон договорната теорија.
Лауреатот на Нобелова награда за литература – американскиот музичар Боб Дилан, нема да присуствува на церемонијата. Тој испрати својот говор, во кој се заблагодарува за високото признание. Пораката ќе ја прочита на банкетот по церемонијата на доделувањето на наградатите од страна поранешниот постојан секретар на Шведската академија Хорас Енгдал.
На самата церемонија на доделување награди во главниот град, американската пејачка и поетеса Пети Смит ќе го исполни хитот на Дилан „A Hard Rains A-Gonna Fall“.
Концертот во чест на нобеловецот за мир во Осло на 11 декември ќе го води Конан О’Брајан.
Првата Нобелова награда е доделена во Сен Тропе во 1901 година – пет години по смртта на Алфред Нобел. Секоја награда може да биде доделена најмногу на тројца номинирани. Таа се состои од златен медал, диплома и парична сума. Од 2012 година, поради финансиската криза, паричната награда е намалена за 20 проценти и изнесува осум милиони шведски круни или 830.000 евра.