Во сообраќајна несреќа во Египет загинаа 50 лица, од кои 48 деца

Од:

Вкупно 50 лица загинаа, од кои 48 деца во денешниот судар на воз со автобус во долината на Нил, јужно од Каиро. Двајцата возрасни се возачот и воспитувачот, кој ги придружувал децата.

Во автобусот патувале околу 60 деца на возраст од пет до 11 години, кои оделе на организирана екскурзија. Во несреќата, едно семејство загубило пет деца, а друго – две.

Десетици лекари се борат за животот на седумнаесетмината преживеани.

Патнички воз, со полна брзина удри во автобусот изутринава, при што локомотивата целосно го смачка автобусот и го влечела неколку стотини метри по шините. На местото на несреќата се уште се расфрлани училишни чанти, тетратки, играчки, како и делови од човечки тела.

Според очевидци, возачот на автобусот не забележал дека доаѓа воз и навлегол на железничкиот премин, откако небрежен железничар не ја спуштил рампата.

Египетските железници соопштија дека лицето одговорно за преминот, грубо ги прекршил правилата, ја напуштил својата позиција и отишол да спие.

На местото на трагедијата се собраа десетици луѓе, загрижени за судбината на своите деца. Скршени од тага, луѓето не им дозволуваат на спасувачите и претставниците на локалните власти да дојдат до местото на несреќата, пречат во расчистувањето на остатоците од автобусот, бараат виновниците да бидат егзекутирани и сакаат оставка на владата, јави БТА.

Премиерот Хишам Кандил отпатува денеска во провинцијата Асјут, каде се случи несреќата. Египетскиот министер за транспорт Рашад ал Метин и директорот на Управата на железничкиот транспорт поднесоа оставки, кои беа примени од претседателот Мохамед Морси.

Шефот на државата им нареди на премиерот, на министрите за одбрана и за здравство и на гувернерот на провинција Асјут да им пружат секаква помош на семејствата на жртвите.

Тој побара внимателна истрага и сите виновници да бидат казнети.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет