Во силна експлозија во Сирија загинаа најмалку 22 лица

Од:

Најмалку 22 лица загинаа во сирискиот град Хомс при силна експлозија во магацин за оружје, сопственост на милиции кои го поддржуваат претседателот Башар ал Асад.


Според опозициски активисти, експлозијата била много посилна од експлозии на бомби што се користат во секојдневните судири во градот.


Инцидентот се случи во југоисточниот кварт Ан Нозха, во кој доминантни жители се алавитите. На ова малцинство му припаѓа и претседателот Асад.


Сунитски бунтовници често уништуваат објекти на алавитите и нивни квартови и воени позиции во целата држава, јавуваат западни медиуми.

Би можело да ве интересира

Ал Шара е именуван за претседател на Сирија

Ал Шибани: ЕУ презеде позитивен чекор одлучувајќи да ги ублажи санкциите кон Сирија

Ројтерс: ЕУ размислува за постепено укинување на санкциите за Сирија

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ