Во Шведска уапсен напаѓач со нож кој повредил едно лице

Од:

Шведската полиција уапси маж за кој има сомнеж дека бркал неколку луѓе со нож в рака и повредил едно лице, пред да биде фатен пред Полициската академија во Стокхолм.

Полицијата соопшти дека повреденото лице е нападнато во станбена зграда во Худинг, во јужен Стокхолм и е префрлено в болница.

Полицијата се наоѓа на местото на инцидентот и разговара со сведоци во рамки на истрагата за обидот за убиство, се наведува во соопштението.

Весникот „Афтонбладет“ во своето онлајн издание објави дека напаѓачот го фатиле студенти и инструктор во близина на Академијата за обука на полицајци.

Би можело да ве интересира

Австриски „Дер Стандард“: ЕУ смета дека за апсењето на Додик „не вреди да се вложи труд “

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Во Србија се апсат лицата кои планирале државен удар

Горан Наумовски

Додик: Мојата пресуда и апсењето на Ѓорѓеску се дел од истата кампања

Горан Наумовски

Лишени од слобода двајца полициски службеници поради оддавање на службена тајна

А1он

Уште едно лице е уапсено поради трагедијата во Нови Сад

Лишени од слобода 15 царински службеници и полициски службеник

Предраг Петровиќ