Во Шведска треба да се врати воената обврска

Од:

Во Шведска би можело да биде потребно враќање на задолжителната воена обврска и регрутација, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Тоа го изјави лидерот на шведската Народна либерална партија Јан Бјорклунд, во предизборно интервју на Шведската телевизија.

– Доколку продолжи актуелниот развој со една се поагресивна Русија, не исклучувам дека би требало да ја засилиме одбранбената моќ на земјата, вклучувајќи го и враќањето на воената обврска, реле Јан Бјорклунд, чија партија е член на актуеланата владејачка коалиција.

Лидерот на шведските либерали, кој воедно е и е еден од најистакнатите приврзаници на зачленување на Шведска во НАТО, вели дека неговите ставови околу воената обврска се пред се во рамки на неговата партија, а не и во владината коалиција во целина.

И најголемата шведска опозициона партија, социјалдемократите, сметаат дека актуелниот безбедносно-политички развој налага потреба да се разгледаат можностите за повторно воведување на регрутација меѓу воените обврзници.

– Сметаме дека не е разумно одбраната на Шведска и понатаму да и се препушти на една помала група професионални воени лица, вели Петер Хулквист, претседател на парламентарниот Одбор за одбрана, потенцирајќи дека треба да се има на ум дека Русија во последниве години свесно го засилува своето вооружување.

Инаку, шведската Влада вчера го потпиша договорот со НАТО со кој на Алијансата и се овозможува да оперира на шведската територија во случај на кризни ситуации. Договорот се очекува да биде усовен и во Шведскиот парламент, а ќе стапи на сила во 2016 година.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица