Во Швајцарија уапсени тројца поддржувачи на Ислмаската држава

Од:

Три лица осомничени за поддршка на џихадистичката група Исламска држава, за која постои сомнеж дека планира напади во Европа, беа приведени во Швајцарија, соопшти денеска швајцарското Јавно обвинителство.

Лицата, кои се ирачки државјани, биле приведени кон крајот на март и од тогаш се наоѓаат во притвор, се навдува во соопштението на Обвинителството, кое не ги открива имиња на приведените, ниту некави детали за нив.

Апсењата небиле потврдени додега, „со цел да не се загрози истрагата, која се уште продолжува во Швајцарија, како и во странство“, во врска со вмешаност на други соучесници, и мрежи, наведува Обвинителство.

Извори во Обвинителството појаснуваат дека проведените се товарат и за поседување експлозивни и отровни материи, кои би можеле да бидат користени за криманални активности., како и за кривични дела поврзани со порнографија и за илегален влез и излез во Швајцарија.

Швајцарските власти за овој случај побарале помош и од други европски земји и од САД, при што веќе е направен заеднички специјален тим составен од припадници на американското ФБИ и Федералната криминалистичка полиција на Швајцарија.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ