Во Швајцарија уапсени 15 осомничени италијански криминалци

Од:

Швајцарските власти уапсиле 15 осомничени членови на италијанската криминална организација Ндрангета, кои сега се наоѓаат во притвор чекајќи екстрадиција, соопшти денеска швајцарската Влада.

– Петнаесет осомничени членови на мафијашката организација Ндрангета, кои италијанската власти ги обвиниле дека се дел од криминална група, уапсени се по налог на швајцарското Министерство за правда, соопшти ресорното Министерство.

Сите петнаесетмина уапсени се италијански државјани, чие екстрадирање е побарано од Рим.

Двајца од осомничените Италијани, кои се притворени во Швајцарија, се осудени на шест до девет години затвор според одлуката на судот во јужниот дел на Италија, се додава во соопштението.

– Припаѓањето на Ндрангета, меѓу другото, значи учествување на состаноците и во ритуалите на криминалната организација, покорување на хиерархиските структури и апсолутна послушност, се објаснува во документот на Министерството.

Околу 140 лица чекаат судски процес од крајот на минатата година поради помагање на оваа група да се инфилтрира во богатите структури во северниот дел на Италија, вклучувајќи гангстерски шефови и бизнисмени.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ