Во Швајцарија почнува четиридневниот состанок на Билдербершката група

Од:

Во Швајцарија, во луксузниот комплекс Монтрo, денеска почнува четиридневниот состанок зад затворени врати на Билдербершката група.

На состанокот се поканети околу 130 елитни политички лидери и високи претставници на индустријата, финансиите, академијата, трудот.

Меѓу учесниците од САД се Џеред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, извршниот директот на Мајкрософт, Сатија Надела, поранешниот претседател на Гугл, Ерик Шмит, милијардерот и основач на Пејпaл, Питер Тил и поранешниот секретар на САД, Хенри Кисинџер.

Исто така, претставниците на другите земји се познати личности кои се на врвот од општествената скала.

Првиот состанок беше одржан во 1954 година, во хотелот „Билдерберг“ во Холандија, со цел да се зајакне врската помеѓу Америка и Европа и да се спречи нов глобален судир по Втората светска војна.

Методите на работа секогаш биле тајни. Не се повикуваат новинари и не се праќаат соопштенија по состаноците. И овојпат новинарите имаат забранет пристап.

Според аналитичарите, целта на Билдербершката група е да се собере политичката елита, и левица и десница, да се дружат во опуштена атмосфера и идеите лесно да се презентираат. Тие сметаат дека моќта на Групата го надминува Светскиот економски форум, кој се одржува во Давос.

Билдербершката група секоја година одржува неофицијална конференција со околу 120 до 140 гости од Северна Америка и Западна Европа, сите влијателни личности.

Би можело да ве интересира

Советот на ЕУ го одобри влезот на Швајцарија во „воениот Шенген“

Се расипа жичарница во швајцарскиот ски центар, евакуирани се сите патници од гондолите

Криминалци разнесоа 25 банкомати во Швајцарија

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ