Во Шпанија уапсени осуммина кои учествувале во воени дејствија во Донбас

Од:

Шпанската полиција приведе денеска осум луѓе обвинети дека учествувале во воени дејствија во Донбас на страната на сепаратистите.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека апсењата се извршени во шест региони во државата.

Според полициски извор, станува збор за „проруски“ настроени луѓе „од крајната левица“.

Осомничени се за поседување огнено оружје, соучество или помагање во убиства, нарушување на неутралитетот на шпанската држава во тој конфликт. Уапсените поставиле на интернет видео-материјали на кои позираат со огнено оружје и се фалат со вклучување во редовите на сепаратистите.

Би можело да ве интересира

Лавров: Нема објективни знаци дека Киев и Западот се подготвени за мировни преговори

Горан Наумовски

Русија не сака мировни сили на НАТО во Украина

ЕУ ќе обезбеди финансиска помош од 35 милијарди евра за Украина

Русите извршија ракетен напад врз Украина, едно лице загина, 45 се повредени

Трамп: Ќе воведам санкции кон Русија доколку Путин не се согласи на разговори за Украина

Волкер: Трамп е решен да стави крај на војната во Украина