Шпанската цивилна гарда и националната полиција уапсија 66 членови на криминална група за шверц на дрога, јави ТАСС.
Припадниците на силите на редот извршија 30 рации. Одземени се кокаин, херион, хашиш, огнено оружје и пари. Членовите на групацијата биле активни во провинциите Ваљадолид, Самора, Саламанка, Панесија и Мадрид.
Уаспените се обвинети за незаконска трговија со дрога и незаконско поседување оружје. Некои од нив се осомничени и за убиство на жена, извршено во Саламанка.