Во Шпанија уапсени 32 припадници на италијанската мафија Камора

Од:

Шпанската полиција уапси 32 припадници на италјанската криминална група Камора, кои се осомничени за шверц на наркотици, изнудување, уцени и перење пари, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Шпанија.

Во рацијата во 14 куќи и деловни простории во Мадрид, полицијата запленила 1,13 милиони евра, имот во вредност од околу осум милиони евра и огнено оружје.

Полицијата не ја наведува националноста на приведените, кои се обвинети дека со дрога ги снабдувале своите соработници во Неапол, каде се наоѓа седиштето на Камора, една од најголемите мафијашки групи во Италија.

Уште четири лица се уапсени во Италија, се додава во соопштението.

Приведувањата продолжија како дел од прекуграничната истрага од ноември 2011 за врските на криминалци од Мадрид и околината со групи во Италија, Холандија, Франција и Колумбија.

Од почетокот на операцијата се запленети 2,8 тони кокаин, а истрагата во која е вклучена и американската Агенција за борба против наркотици, и натаму трае.

Трите главни мафијашки групи во Италија, неаполската Камора, сицилиската Коза Ностра и калабриската Ндрангета, заедно имаат годишен промет од околу 116 милјарди евра.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата