Шпанската полиција денеска соопшти дека во Валенсија уапсила еден Романец кој се обидувал да ја продаде својата ќерка за 5.000 евра.
Против 38-годишната мајка покрената е судска истрага. Полицијата не наведува кога се уапсени мажот и жената.
Според полициското соопштение 43-годишен маж и неговата партнерка најверојатно планирале да го продадат детето уште пред жената да забремени. Таткото е осомничен дека заминал во Романија пред раѓањето за да ја договори продажбата со купувачите со кои стапил во врска преку интернет.
Бебето е одземено од родителите и е сместено во центар за малолетни лица.