Шпанската полиција уапси француски државјанин, кој наводно го снабдил со оружје Амеди Кулибали, кој уби четворица Евреи и една полицајка во супермаркет во Париз, во јануари минатата година.
Шпанското Министерство за внатрешни работи соопшти дека 27-годишниот Француз е уапсен вчера во областа Малага во заедничка операција со француската полиција.
Кулибали го изврши нападот само неколку дена откако двајца напаѓачи убија 12 луѓе во просториите на сатиричното списание „Шарли ебдо“ во Париз.