Шпанија соопшти дека во Средоземното Море вчера се спасени 119 мигранти, а како исчезнати се водат уште 67 лица.
Портпаролот на Агенцијата за спасување на морнарицата изјави дека потрагата е стопирана во текот на ноќта, и ќе продолжи во раните утрински часови.
Во два гумени чамци во Алборанското Море се пронејдени 60 и 59 мигранти кои ќе бидат пренесени во Малага. Меѓу нив има 26 жени и пет деца, а нивната здравствена состојба е добра.