Во јужниот дел на Шпанија денеска се урна хеликоптер полн со хашиш откако удрил во електричен столб, при што загинале двајцата пилоти, соопшти локалната полиција.
Несреќата се случи рано изутринава во шпанската провинција Малага, во близина на градот Кортес де ла Фрондера, пренесува Танјуг.
– Се уште се обидуваме да утврдиме колкаво количество дрога имало во хеликоптерот, изјави портпарол на полицијата, додавајќи дека телата на пилотот и копилотот се извлечени по инцидентот од остатоците на леталото.
Локалниот весник „Малага ој“ пишува дека хеликоптерот превезувал меѓу 800 и 900 килограми дрога, а бил обоен во црно, со цел да биде помалку видлив во ноќни услови.
Полицијата се уште истражува од каде потекнува хашишот. Во последните години шпанските власти разоткриле повеќе криминални организации, кои користеле хеликоптери за шверц на хашиш од Мароко во јужниот дел на Шпанија.