Во Шпанија разбиена нарко-мрежа, уапсени 35 лица

Од:

Шпанската полиција разби голем синџир на трговија со дрога, уапси 35 лица и заплени повеќе од 11 тони хашиш.

– Разбиена е организација која контролира цел синџир на нелегална трговија, од производство до пакување на дрога, како и превоз до Шпанија, складирање и дистрибуција ширум Европа, посебно во Франција, Белгија, Англија и Холандија, соопшти полицијата.

Главниот магацин на шпанската нарко-мрежа се наоѓа во централниот регион Толедо на 70 километри од Мадрид, каде полицијата запленила 8,5 тони дрога, од вкупните над 11 тони конфискувани наркотици.

Шпанската полиција во истата акција пронашла и запленила и 150.000 евра во готовина, 14 возила и 109 мобилни телефони.

Би можело да ве интересира

Ја тепал сопругата и ја терал на проституција, му плаќале со пари и со дрога

А1он

(ВИДЕО) МВР: Откриена е дрога сокриена во камион на преминот „Богородица“

Горан Наумовски

Во Србија запленета голема количина на дрога

(ВИДЕО) Килограм марихуана е пронајдена во стан во скопски Карпош

Во камион на „Богородица“ откриена е голема количина на дрога

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда