Во Шпанија повторно отворени училиштата и ноќните клубови

Од:

Во некои области на Шпанија, учениците се вратија на училиште, додека во други – отворени се ноќните клубови, како дел од натамошно олеснување на воведените рестриктивни мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Во Мадрид се отворени неколку основни училишта, а средношколци кои се подготвуваат да се запишат на факултет ќе се вратат утре во училишните клупи. Во другите региони, ученици од различна возраст се вратија во образовните институции.

Низ целата земја, на децата им е дозволено да играат надвор во секое време, по неколку месеци минати во затворен простор. Според неодамнешна студија, едно од секои шест деца се чувствувало депресивно за време на кризата.

Ноќните клубови се отворени во речиси сите делови на земјата, но забраната за танцување се уште е во сила.

Дозволени се и борби со бикови, но со оглед дека е дозволено само публика до 400 лица, тоа е неисплатливо.

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени