Во Шпанија нови протести поради мерките, Санчез го осуди насилството

Од:

Синоќа повторно беа одржани протести во повеќе градови во Шпанија поради воведување на нови ограничувања со цел да се запре зголемувањето на бројот на нови пациенти со коронавирус.

Демонстрантите нападнаа полицајци и предизвикаа немири на улиците, а премиерот Педро Санчез остро ги осуди насилните протести.

Демонстрантите во Барселона, каде се случуваат немири веќе втора ноќ по ред, фрлаа камења и други предмети кон полицајците.

Во градот Логроњо на северот на Шпанија, околу 150 демонстранти фрлаа камења кон припадниците на органите на редот, запалија контејнери и ограбија продавници, соопшти полицијата.

Немири избувнаа и во северниот град Харо, а премиерот Педро Санчез ги осуди насилните протести.

– Само со одговорност, единство и пожртвуваност ќе можеме да ја победиме пандемијата што ги уништува сите земји. Насилството и ирационалното однесување на малцинските групи не може да се толерира. Тоа не е начин, напиша Санчез на Твитер.

Во Барселона во петокот, околу 50 демонстранти фрлаа камења кон полицијата, запалија контејнери и ограбија продавници. Во немирите беа повредени 30 лица, а 14 беа уапсени.

Шпанија, една од земјите најсилно погодени од пандемијата, прогласи вонредна состојба оваа недела, која ќе остане во сила до почетокот на мај, давајќи им право на локалните власти да воведат полициски час и ограничувања на патувањето.

Во Шпанија, повеќе од 1,26 милиони луѓе се заразени со вирусот од почетокот на пандемијата на коронавирусот, од кои речиси 36.000 подлегнаа на последиците од болеста.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата