Во Шпанија на 40 лица им се суди за корупција

Од:

Во Шпанија е покренат судски процес против 40 лица, меѓу кои и тројца поранешни благајници на Народна партија, пратеници и директори на фирми под обвинение дека се вмешани во корупциска афера.

Судијата Пабло Рус пет години истражува корупциски скандал за периодот од 1999 до 2005 година.

Фирмата на еден од осомничените бизнисмени, Франциско Кореа плажала поткупи за да обезбеди доходовни општествени бизниси. Народна партија во тој период била на власт во Мадрид и во Валенсија.

Истрагата минатата година доведе до оставка на министерката за здравство Ана Мато бидејќи користела финансиски средства, незаконски добиени од поранешниот нејзин сопруг Хесус Сепулведа, кој е поранешен градоначалник и осомничен за корупцискиот скандал.

Некои од осомничените се обвинети за измами, за перење на пари и неплаќање на данок.

Рус пресуди осудените да платат казна вкупно 450 милиони евра, а обвинителството побара над 110 години затворска казна за Кореа и 42 години за поранешниот благајник на Народна партија Луис Барсенас.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата