Во Шпанија Ден на жалост

Од:

Во Шпанија денска е ден на жалост поради загинувањето на 80 луѓе во тешката железничка несреќа што се случи во средата.

Повеќе од 90, од вкупно 218 патници, во возот кој излета од шините пред влезот од станицата во Сантјаго де Компостели се во болница, а 30 од нив се во критична здравствена состојба.

Полицијата денеска ќе го испита повредениот машиновозач, при што е покрената формална истрага. Се уште не е познато дали се води истрага и против други лица.

Неофицијално причина за најтешката железничка несреќа во Шпанија во последните 40 години е преголемата брзина. Машиновозачот во телефонски разговор по несреќата признал дека возел 190 километри на час иако имало ограничување на 80.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата