Петмина војници и полицајци денеска загинаа, а двајца се повредени, кога вооружена група нападна контролен пункт во градот Рашидија, северниот дел на Ирак.
Припадниците на безбедносните сили беа напднати на контролен пункт.
Во Рашидија главно живеат Туркмени. Туркменската заедница во Ирак брои околу 500.000 луѓе живеат во Мосул, во Киркук и Тал Афар.
Во исто време стотици приврзаници на ирачката Комунистичка партија денеска маршираа низ Багдад во знак на одбележување на годишнината од револуцијата, со која воените офицери пред 54 години ја соборија монархија и прогласија република.