Во серија терористички напади во Ирак загинаа 31 лице

Од:

При серија експлозии кои се случија денеска во неколку градови во Ирак, загинаа 31 лице а десетици се повредени, соопшти ирачката полиција.

Според податоци на безбедносните сили најголемиот терористички напад бил изведен во јужниот град Хила, каде биле детонирани последователно неколку бомби пред трговски центар, при што загинаа осум лица и 22 се повредени.

Во близина на автобуска станица во градот Диванија исто беа детонирани експлозивни направи. Во тој терористички напад загинаа три лица, а 13 се ранети.

Полицијата соопшти дека денеска експлозии имало и во Самара, Басра, Кут и предградијата на Багдад, Мадаина и Махмудија. Во овие експлозии загинаа 20 лица.

Првичните информации покажуваат дека во сите напади биле користени автомобил-бомби.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак