Најмалку 17 луѓе се убиени во неделата во серија терористички напади на територијата на Ирак, јавува Reuters повикувајќи се на болнички и полициски извори.
Главна цела на терористите биле полициските контролони пунктови и полициски станици. Напаѓачите користеле автомобили бомби.
Најсмртоносен бил нападот во градот Таџи, 20 километри северно од главниот град Багдад каде се убиени најмалку шест луѓе.
AFP јавува дека се изведени вкупно осум напади со автомобили бомби во околината на Багдад и во самата ирачка престолнина.
Околу 300 луѓе се убиени во Ирак од 13-ти јуни досега, според извори од ирачкото министерство за внатрешни работи наспроти 132 убиени Ирачани во текот на целиот мај. Цел на сиве овие напади беа процесии или светилишта на шиитските муслимани.
Престрелките и бомбашките напади станаа речиси секојдневност во Ирак, а најчести цели се безбедносните сили и припадниците на шиитската задница.
Зголемувањето на тензиите во Ирак е поврзано со историската нетрпеливост меѓу двете најголеми муслимански заедници – сунитите и шиитите. Според пописот од 1997 година, 66 отсто од населението на Ирак се сунитски муслимани, додека 34 отсто се шиити. За време на владеењето на режимот на Садам Хусеин, сунитите ги заземаа главните функции во државните структури на земјата.
По американската инвазија врз Ирак во 2003 година, којашто резултираше со соборување од власта на режимот на Садам Хусеин, шиитите ги потиснаа шиитите преземајќи голем број важни владини функции, меѓу кои и една од највлијателните – премиерската. Новата распределба на силите на политичката сцена во Ирак доведе до заострување на односите меѓу сунитите и шиитите.