Серија денешни експлозии во центарот на ирачката престолнина Багдад предизвикаа смрт на најмалку 18 лица, соопштија полицајци и лекари, цитирани од британските медиуми.
Експлозиите, во кои се ранети речиси 50 лица, се случија во близина на министерствата за правда и за надворешни работи.
Последниот бран насилства доаѓа во момент на засилување на кризата меѓу владата, во која доминираат шиитите, и сунитското малцинство во Ирак.
Ирачаните се сведоци на речиси секојдневни атентати по повлекувањето на американските војници во декември 2011 година, што ги засилува стравувањата дека земјата може да се врати кон непријателставата врз верска основа, што во 2006 и 2007 година ја доведоа до работа на граѓанска војна, потсетува ДПА.