Во серија бомбашки напади, кои се случија синоќа во кафулиња во Багдад и неговата околина се убиени најмалку 26 лица, а повеќе десетици се повредени.
Нападите се случиле речиси еден по друг, додека кафулињата биле полни со гости, кои следеле фудбалски натпревар.
Полицијата соопшти дека пет лица се убиени во мнозинско сунитскиот кварт Азамија, а уште три се убиени во мнозинскиот шиитски кварт Ум ал Малиф.
Уште една експлозија се случи во шиитскиот град Џбала, околу 50 километри јужно од Багдад, а во неа загинале осум лица, додека во Бакуба се убиени десет лица во експлозија во едно кафуле.