Во Саудиска Арабија викендот ќе почнува во петок

Од:

Саудиска Арабија го помести почетокот на викендот во петок со цел да ја усогласи работната недела со мнозинството земји во регионот, јави државната агенција Сауди прес.

Со кралската одредба викенд во Саудиска Арабија во иднина ќе биде петок и сабота, а промената стапува во сила од овој викенд.

Промената доаѓа откако советодавното тело во април препорача промена и премин на новиот систем.

Промената ќе стапи во сила на 29 јуни во јавните и финансиски институции, централната банка и берзата во Ријад.

Во образованието новиот викенд ќе се применува од следната училишна и факултетска година.

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија