Во Саудиска Арабија притворени 18 шпиони

Од:

Портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Саудиска Арабија, Мансур ал Турк соопшти дека 18 лица се затворени, поради тоа што прибирале доверливи информации, од витални објекти од интерес на друга држава.

Според полицијата се работи за случај на шпионажа, во која биле вклучени 16 државјани на Саудиска Арабија, еден Иранец и Либанец.

Осомничени се приведени со координирани операции во четири региони на кралството, пренесе „Франс прес“.

„Ројтерс“ наведе дека односите помеѓу Саудиска Арабија и неарапската држава Иран се заострени по револуцијата од 1979 година која на власт во Иран ги доведе шиитските муслимани.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Новинарите мораа да го напуштат хотелот за време на американско-руските преговори

Во вторник во Саудиска Арабија ќе се одржат американско-украински разговори

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД