Во Саудиска Арабија четворица повредени откако човек се разнесе со експлозивен појас

Од:

Четири лица се повредени откако во средата во градот Џеда во западниот дел на Саудиска Арабија едно машко лице го активирал експлозивниот појас што го имал на себе, соопштија денеска безбедносните власти.

Лицето се разнело откако властите се обиделе да го уапсат, пренесува Анадолија.

„Еден од најбараните луѓе (Абдулах Ал-Бакри) следен е ноќта во средата, а при обид да се уапси, тој одлучи да се разнесе со експлозивен појас“, се наведува во соопштението на Претседателството за државна безбедност на Кралството, објавено од саудиската новинска агенција.

Во инцидентот загина бараното лице, а од четворицата повредени, тројца се припадници на обезбедување.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски ја одложи посетата на Саудиска Арабија

Американците патуваат во Саудиска Арабија на преговори со Русите, Украина не е поканета

Саудиска Арабија: Не го признаваме Израел без палестинска држава

Саудиска Арабија планира да инвестира 600 милијарди долари во трговијата со САД

Реформите за човековите права во Саудиска Арабија: Работниците сега можат да ги менуваат работните места

ВИДЕО: Снег во Саудиска Арабија