Во Сана затворени поголем број амбасади

Од:

Повеќе амбасади денеска се затворени во главниот град на Јемен, Сана, поради вчерашните крвави судири меѓу припадници на шиитската милиција и на претседателската гарда.

Амбасадата на Франција денеска е заторена, а вчера Мисијата на Холандија беше цел ден затворена, на Амбасадата на Велика Британија беше затворена неколку часа.

Шиитската милиција „Ансар Алах“ влезе во Сана на 21 септември а вчера се доближи до претседателската палата и ја опколија резиденцијата на премиерот. Вчера беше постигнато примирје, но се уште имаа тензии.

Претседателската гарда која има тешко вооружување, тенкови и ракети ги контролира влезовите на палатата, а припадниците на шиитската милиција, вооружени до лесно оружје, се распоредени на околу 500 метри од зградата. Претседателот Абд Рабу Мансур Јади е во претседателската палата.

И резиденцијата на премиерот Халед Бахах е опколена од припадници на полицијата, а Бахах е во зградата.

Во судирите во Сана загинаа девет припадници на милицијата и војници, а повредени се 67, меѓу кои и цивили.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен