Во самоубиствен напад во Јемен загинаа околу 40 припадници на движењето Хути

Од:

Околу 40 припадници на шиитското бунтовничко движење Хути во Јемен вчера загинаа откако бомбаш-самоубиец активира автомобил-бомба во болница, која била користена од бунтовниците како база.

Нападот бил извршен во провинцијата Мариб, источно од главниот град на Јемен, Сана.

Одговорноста за нападот ја презеде Ансар ал Шарија, јеменски огранок на Ал Каеда.

Припадниците на Хути воспоставија контрола врз Сана пред една недела по неколкодневните борби со борците лојални на сунитската партија Ислах.

Би можело да ве интересира

Израелската армија пресретна ракета лансирана од Јемен

Гутереш: Израелските напади врз цели во Јемен се особено загрижувачки

Израелски авиони нападнаа голем број цели во Јемен

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

САД нападна подземни складишта со оружје на Хутите во Јемен

Четири лица загинаа, а 30 се повредени во израелските воздушни напади врз Јемен