Во напад на бомбаш самоубиец во централниот дел на Јемен загинаа околу 20 шиитски муслимански бунтовници, соопштија племенски извори.
– Бомбаш самоубиец со автомобил полн експлозив удрил во групата Хута во дистриктот Ал Менаса, при што загинале 20 лица, изјави анонимен племенски старешина.
Според него во нападите е загинат и истакнат племенски лидер, што преминал на страната на бунтовниците.
Во судири меѓу шиитски бунтовници и сунитски племиња, потпомогнати од Ал Каеда, во централниот дел на Јемен загинаа десетина луѓе.