Во самоубиствен бомбашки напад во Ирак 25 загинати, повеќе од 60 повредени

Од:

Бомбаш самоубиец кој денеска активира експлозив на политички собир во Бакуба уби 25 лица, а најмалку 60 се повредени.

Напаѓачот го активирал експлозивот во момент кога започнувал ручекот, кој кандидатот Мутана ал Џурани го организирал за своите приврзаници.

Досега никој не преземал одговорност за нападот, но се претпоставува дека зад него стои терористичката мрежа Ал Каеда, која постојано се обидува да ја намали довербата во ирачката Влада, предводена од шиитите.

Според западните медиуми, се очекува зголемување на насилството во Ирак пред одржувањето на локалните избори на 20 април.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак