Во самоодбрана уби човек кој ја силуваше, осудена е на шест години затвор, пресудата предизвика гнев кај жените

Од:

Судот во Мексико осуди 23-годишна девојка на минимум шест години затвор бидејќи во самоодбрана уби маж кој ја нападна и ја силуваше.

Пресудата против Роксана Руиз го навлече гневот на експертите и феминистичките групи.

„Би било лош преседан оваа казна да остане во сила. Испраќа порака до жените дека законот вели дека можеш да се браниш, но само до одреден момент. Те силувал, но немаш право да правиш ништо“, изјави адвокатот Анхел Карера.

Иако судот утврдил дека Роксана Руиз е силувана, проценето е дека 23-годишната девојка е виновна за убиство со „прекумерна употреба на сила“.

Судот тврди дека ударот во главата на напаѓачот би бил доволен за девојката да се одбрани.

Руиз исто така мора да плати повеќе од 16.000 долари како реституција на семејството на човекот кој ја силувал.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Серија разорни земјотреси, паника во Мексико

ВИДЕО: Мексиканец се обидел да киднапира авион и да го упати кон САД, го спречиле патниците

ДЕА: 15 милиони долари за информации што би довеле до апсење на Ел Менчо, водач на озлогласениот картел CJNG

А1он

Навивачи го повредија селекторот на Мексико, Хавиер Агире

Пукање во мексиканската држава Синалоа, 19 мртви, уапсен лидерот на локалниот картел

Се повеќе руски шпиони во Мексико, Путин ја таргетира Америка?

Предраг Петровиќ