Во САД укината забраната за притвор без ограничување

Од:

Американскиот Сојузен апелациски суд денеска ја укина одлуката на понискиот суд, со кој американските воени власти би се спречиле неограничено долго да држат во притвор лица за кои се верува дека „значително ги поддржувале“ Ал каеда или талибанците.

Ваквата пресуда ги разочара новинарите, борците за човекови права и другите активисти кои стравуваат дека поради природата на својата работа би можеле да се најдат на удар на законот што дозволува неограничен притвор.

Од друга страна, пресудата на Апелацискиот суд би претставувала победа за Владата на САД, која тврди дека одредбата, со која е предвиден притвор без ограничување, е неопходна за да земјата се избори со тероризмот и дека таа одредба не се однесува на новинарите и активистите.

Во септември минатата година, американскиот обласен судија Кетрин Форест утврди дека со одредбата за неограничен притвор се крши уставот на САД, „делумно и поради јазичните нејаснотии“.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски