Во САД смртноста од коронавирусот нарасна на над илјада лица дневно

Од:

Во САД вчера биле регистрирани повеќе од илјада смртни случаи дневно или околу 42 фатални исходи од заразата на час, соопштија американските медиуми. Забележан е драстичен раст на смртноста од делта сојот на вирусот, што најмногу беснее во местата низ САД со ниска стапка на вакцинација.

Во изминатите четири недели во САД е забележан драстичен раст на смртноста со дневен просек од 769 случаи, што е највисока стапка од средината на април.

Според информации добиени од сојузните држави, вчера во земјата од Ковид-19 починале 1.017 луѓе, додека вкупниот број починати од почетокот на пандемијата е нешто помалку од 623.000, најмногу од било која друга земја во светот.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“