Во САД се пронајдени 200 деца кои се бараа како исчезнати

Од:

Службата за маршали на САД (USMS) пронашла 200 исчезнати деца, вклучително и жртви на сексуална трговија со луѓе, малтретирани деца и избегани во шестнеделна операција низ Соединетите држави, објави американското Министерство за правда.

„Една од најважните мисии на Службата за маршали на САД е да ги лоцира и врати нашите исчезнати деца. Ова е меѓу нашите приоритети бидејќи сè уште има илјадници деца кои се водат за исчезнати“, изјави директорот на УСМС Роналд Дејвис, пренесува „Епох тајмс“.

Од пронајдените деца, 173 побегнале од дома, двe биле киднапирани, иако едно било од член на семејството, додека 25 деца се водeле како исчезнати. Најмалото дете било петмесечно бебе.

Операцијата „Ќе те најдеме“ беше спроведена со федерални, државни и локални агенции од 20 мај до 24 јуни и беше втора од ваков вид во области со голем број исчезнати деца – во Аризона, источниот округ на Калифорнија, јужниот округ Флорида. , Западниот округ Мичиген, Источниот округ Северна Каролина, Јужните и Источните окрузи на Њујорк и во Орегон.

Меѓу случаите се и деца кои биле жртви на сексуална трговија, но и оние кои побегнале од дома поради силување извршено од членови на семејството, пренесува РТ Балкан.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД