Во САД се повеќе компании им одобруваат на своите вработени да купуваат и продаваат меѓусебе денови од одморот, покажува истражување на Меѓународната фондација за системот за плаќање на трудот на работниците.
Околу девет проценти од американските работодавци им дозволуваат на соработниците да добиваат пари наместо неискористен одмор. Пет проценти од компаниите ги продаваат неискористените денови за одмор на работниците кои изјавиле желба да ги купат.
Седум проценти од работодавците во САД немаат ништо против еден работник да продаде денови од одморот на друг работник. Тоа повеќе го користат младите службеници, кои во почетокот на кариерата имаат строго ограничени денови за платен одмор.